Асфалтирани локалните пристапни патишта до Селиште и Влаинци во село Моштица со должина од 575 метри

Асфалтирани локалните пристапни патишта до Селиште и Влаинци во село Моштица

Општина Македонска Каменица со изградбата на локалните пристапни патишта во населените места Селиште и Влаинци од село Моштица со вкупна олжина од 575 метри, ја завршува првата фаза од најавената градежна офанзива во општината.
– Силна динамика, како никогаш досега. Продолжуваме со градежната офанзива, ветувањата кон граѓаните се реализираат. Во наредниот период ќе се асфалтираат улици во централното градско подрачје и во останатите населени места, – изјави градоначалникот Атанасовски, кој додава дека „општината работи на подобрување на патната мрежа во сите населени места, а приоритет добиваат населените места каде досега никогаш не бил поставуван асфалт“.
Градежната офанзива, како што изјавуваат од општина Македонска Каменица, се одвива со силна динамика во согласност со временските услови за работа, со запазување на роковите и ветувањата кон граѓаните. Од таму ветуваат еднаков и рамномерен развој на сите населени места.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *