(Анти)културата го убива човекот

(Анти)култура, зашто нема ни „к“ од култура. А, го убива човекот, полека, но сигурно.

Станавме нација во која добри девеесет проценти никогаш не биле на балет, на опера, не посетиле музеј, не отишле на изложба, на промоција на нова книга. Повеќе од шеесет проценти не гледале театарска претстава, не биле на некој позначаен музички фестивал, не биле на концерт на некоја голема светска музичка ѕвезда. Станавме нација чии идоли се полуписмени старлети, голи турбо-фолк пеачки, гангстери со златни ланци, будалетинки со скапи куќи и автомобили. Станавме нација која се „пали“ само на „Хабиби“, „Истина је друже“, „Лична карта“, „Седишта се тресу у мом мерцедесу“ и слични „тракатанци“ кои во никој случај не смеат да се нарекуваат музика. Плачеме и се радуваме само на турски и индиски серии, со милион епизоди, а врска немаме од македонски јазик и правопис. Експерти сме за „се и свашта“, ама од допир со хартија – само оној со тоалетна ни остана. Од тројца луѓе, двајца сме политичари, а САД и Русија на географска карта нема шанси да ги најдеме. Медиумите, ама сите баш до еден, ни се на ниво на тотална забеганост. Полни сензационалистички и навивачко-политички наслови и емисии, често на ниво на „простотилак“, водени единствено од мисла за материјална корист. Нема ни „к“ од култура! 

И што ако? Па не е се така црно. Што има врска што сме „тупави“?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *