Ангеловски останува селектор на Македонија

Ангеловски на средба во ФФМ: Останува селектор на Македонија

Игор Ангеловски и Фудбалската федерација на Македонија постигнале начелна согласност за продолжување на соработката, дознава Макфудбал. Предводникот со кој беше обезбеден пласманот на Европското првенство ќе го предводи националниот тим и на континенталниот собир следното лето.

Десетина дена по истекот на договорот, претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини и Игор Ангеловски ја остварија најавената првична средба дискутирајќи за продолжување на соработката. Со оглед на големиот успех што го оствари националниот тим, атмосферата за потпис на нов договор е позитивна и речиси е постигнат договор.

Останува да бидат прецизирани последните детали, но извесно е дека Македонија без промени на селекторската функција ќе игра на Европското првенство во јуни

Фудбалската репрезентација на Македонија на ЕП ќе игра против селекциите на Австрија, Украина и на Холандија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

%d bloggers like this: