Ана Димитровска немилосрдна кон противничката мрежа. Постигна 7 погодоци за висока победа на ЖФК Каменица САСА во дербито на Истокот

Денеска се одигра редовното 10. Коло од Првата женска фудбалска лига на Македонија.
Екипата на ЖФК Кочани, на градскиот стадион во Кочани ја пречека екипата на ЖФК Каменица САСА од Македонска Каменица.

ЖФК Каменица САСА целосно ја оправда улогата на фаворит, совладувајќи го младиот тим на ЖФК Кочани со 0:10.

Стрелци на головите за ЖФК Каменица САСА беа Талевска, Шопска и Костова со по еден погодок и повторно Ана Димитровска одигра немилосрдно кон противничката мрежа постигнувајќи дури 7 погодоци.

– Очекувана победа во Кочани против младата домашна екипа, нашите фудбалерки изиграа одлично со многу комбинации и ефективна завршница, – изјави тренерот на каменичкиот тим, Зоран Златковски

#ОдимеНапред #ОдимеДоКрај

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *