Анализа на СИТЕЛ: Кој бил Ванчо Михајлов – колаборационист на Хитлер и Павелиќ?

Историјата веќе се изјаснила кој бил Ванчо Михајлов и тука нема дилема дека станува збор раководител од групата нацифашисти. Бугаризиран Македонец по чија директива се убиени над 4000 Македонци по улиците на Софија и останатите бугарски градови во периодот од 1924 до 1930г. Човек кој работел за националните интереси на Бугарија и јавно велел дека не постои македонска нација, јазик и култура. Михајлов бил директен наследник на првите луѓе на фашизмот, човекот со 7 смртни пресуди, една казна за доживотен затвор, од кои 6 му се изречени од воениот суд во Софија.

-Историјата се има изјаснето за сите тројца. Тие припаѓаат на групата раководители кои биле на страната на нацифашизмот .Го протежирале, учестувале во голем број убиства со што во  суштина покажале тоа што се. Иван Михајлов за цело време на војната престојува во вила доделена од Анте Павелиќ, шофер кола. Престојот во Хрватска тој е во контакт со Павелиќ и со Германците. Тие ја поддржуваат таа фашистичка идеја. Она што не успеа да го направи Иван Михајлов е неговото доаѓање на 7 септември 1944 г. испратен од Хитлер да дојде во Македонија да формира независна македонска држава како што беше формирана независна држава Хрватска. Кога доаѓа на 7 септември неколку дена по капитулацијата на Бугарија, се среќава со Чкартов и Ѓузелов и тие му кажуваат касно си дошол комунистите, партизаните ја завршија работата. Нема место за таква македонска држава каква што сакаш ти, и тој се собира и заминува во Италија, вели проф. д-р Тодор Чепреганов.

За професор Чепреганов не е чуден потегот на бугарското политичко раководство со оглед дека тие ги рехабилитирале сите осудени злосторници во Бугарија. Со ова само докажуваат дека се уште не расчистиле со фашизмот.

-Да ги помилува, амнестира сите оние кои биле воени злосторници и осудени од страна на народниот суд на Бугарија за фашисти тие се прогласени за жртви на кумунизмот. Тоа раководство да ги помилува амнестира сите воени злосторници што народниот суд ги осудил. Имате апсурд, да бидат ставени на пиедестал како жртви на комунизмот. Бугарија нема излезено од тоа, вели Чепреганов.

Од тука јасно е дека не може клуб, а најмалку културен клуб да го носи неговото име како што не може  било каков јавен објект во Хрватска да го носи името на Анте Павелиќ.

Професорот оценува дека отворањето на клубот со доаѓањето на цела бугарска свита, како во своја држава,  покажува само дека се работи за добро осмислена активност со која сакаат да покажат, додека не прифатите дека сме еден народ, ветото не може да биде симнато.

Извор: Sitel.com.mk

Мирјана Давидовска

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *