Американски научници развиваат терапија за “оживување на мртвите”

Американски научници оваа година ќе започнат со примена на терапија, чија цел е да ги „оживее“ мртвите, односно да ги разбудат пациентите од длабока кома.

Американската биомедицинска компанија „Биокварк“ (Bioquark)  од Филаделфија, кон крајот на минатата година објави дека верува дека „мозочната смрт не е неповратна“.

Сега, извршниот директор на компанијата, Ира Пастор најави дека ќе почнат со тестирање на до сега неиспробана терапија со матични клетки во земја во Јужна Америка, чие име не се открива.

Во повеќето земји во светотот еден човек се прогласува за мртов доколку има комплетно и неповратно оштетување на мозочните функции, односно „мозочна смрт“.

Според Пастор, Биокварк има развиено комлет од инјекции со кои можат да го „ресетираат“ мозокот и дека планираат да ги тестираат на луѓе оваа година.

Тие не планираат прво да направат тестирања на животни.

Првично е планирано тестирањата да започнат во Индија, меѓутоа Индискиот Совет за научни истражувања ги блокирал тие планови.

Првата фаза од тестирањето е наречена „Прва човечка неврорегенерација и неврореанимација“ и ќе претставува студија спроведена на одредена целна група, со цел да се “докаже концептот на терапијата“.

Тимот вели дека планираат прво да направат испитување со помош на магнетна резонанца кај лица на возраст 15-65 години, кај кои е прогласена мозочна смрт како последица на трауматска повреда на мозокот, со цел да откријат знаци за можно оживување на мозокот

Научниците прво ќе соберат матични клетки од крвта на самиот пациент, а потоа  ќе ги вбризгаат назад во неговото тело. После тоа, пациентот ќе добие доза од пептиди, што ќе биде инјектирана во неговиот ‘рбетен мозок.

На крај следува 15-дневна нервна стимулација со помош на ласери и умерена електрична стимулација, со цел да  се оживее мозокот, при што пациентот се мониторира со МРИ- скен.

Во овој концепт најкомплицирана е идејата за согласност, со оглед на тоа дека пациентите технички се мртви.

Ова тестирање е дел од еден поголем проект наречен „РеАнима“, со кој се „истражуваат потенцијалите на  најнапредните биомедицински технологии за човечка неврорегенерација и неврореанимација’.

Клиничкото тестирање ќе се изведува на пациенти кои се наоѓаат во состојба на мозочна смрт или неповратна кома, но сѐ уште се на апарати за одржување во живот.

Оваа состојба во многу земји е позната како „мозочна смрт“.

Leave a Reply

Your email address will not be published.