Алиоски е во „Тимот на годината“ во најсилната швајцарска лига

Репрезентативецот на Македонија, Езгијан Алиоски вечерва на свечената цероминаја во Луцерн и официјално го доби признанието за изборот во „Тимот на годината“ за 2016 година во швајцарската лига.

24-годишниот Алиоски својот блесок во тимот на Лугано го направи по прекомандата во нападот, односно од лев бек, се пресели на левата крилна позиција, со што стана еден од најдобрите стрелци во тимот на Лугано. Во Лугано се пресели од тимот на Шафхаузен и на 30 натпревари постигна 12 гола. Алиоски полека станува и незаменлив дел од нашата репрезентација, за која дебитираше во 2013 година, а настапи на 10 натпревари и постигна еден гол. Добрите игри предизвикаа и голем интерес од тимови ширум Европа за ангажман на Алиоски во летниот преоден рок. 

извор: http://www.gol.mk/

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *