Александар Алексиев од Бугарија на клупата на Баскет Кам

Актуелниот шампион и освојувач на двојната круна во македонската кошарка уште еднаш ги потврди високите амбиции и за претстојната сезона.

За своето деби во ВАБА лигата, како и за обидот да се продолжи доминацијата во Македонија, Баскет Кам го договори искусниот бугарски стручњак Александар Алексиев. Претходната сезона, тој работел во Франција, а во својата кариера има искуство и од Италија и од еден од најдобрите женски клубови во Бугарија, Берое.

Меѓу другото, бил асистент во речиси сите младински селекции на Бугарија, без разлика дали станува за машка или женска конкуренција.

Баскет Кам веќе една недела се подготвува за новата сезона која официјално ќе ја почне на 29 септември со дуелот против Војводина на домашен терен.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *