Алармантна состојба со пожарот во село Саса. Во опасност се маало Траканица и Аџиите

Пожарот кој беснее на отворен простор во село Саса, се уште е надвор од контрола. Поради силниот и постојан ветар, постои можност истиот да се прошири во атарот на маало Траканица и Аџиите. Екипите на ТППЕ од Македонска Каменица и регионот, екипи на „Национални шуми“ и Шумска полиција, кои од рано изутрина се на терен јавуваат дека човечкиот фактор  вклучен во гаснењето на пожарот не е доволен и потребна е итна интервенција од авионско гаснење.

Координативниот штаб за справување со кризи исто така е на терен од каде очекуваме нови информации кои веднаш ќе бидат објавени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *