„Ако ние можеме да собереме, Вие можете да не фрлате“ – Екоакција на Центарот за лица со посебни потреби

Македонска Каменица, 05.09.2019 година – Штитениците при Центарот за лица со посебни потреби денес спроведоа нова екоакција под мотото „Ако ние можеме да собереме, Вие можете да не фрлате“. Во акцијата, заедно со воспитно згрижувачкиот тим, учествуваа 10 штитеници кои од фрлено ѓубре и отпад го чистеа теренот околу помошните спортски терени и одводните канали од отворената атмосферска канализација во Македонска Каменица.

Со оваа акција, како што е и насловена „Ако ние можеме да собереме, Вие можете да не фрлате“ лицата со посебни потреби од Центарот во Македонска Каменица сакаат на граѓаните на општина Македонска Каменица да им ја укажат потребата од чување на природата и чистата околина.

Најавуваат дека во иднина ќе продолжат со вакви акции, со кои активно ќе се вклучат во процесите и со личен пример ќе придонесат за зачувување на околината и подигање на свеста кај граѓаните за одржување на јавна чистота.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *