Автомобил излета од патот кај село Моштица, тешко повреден 79-годишен маж

На 14.03.2024 во 13.00 часот во Полициското одделение Македонска Каменица било пријавено дека на локален пат во село Моштица, Македонска Каменица патничко возило „опел корса“ со регистарски ознаки од Македонска Каменица, управувано од С.И.(79) од Македонска Каменица излетало од патот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициското одделение Македонска Каменица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *