Денес, на дел од социјалните мрежи се појави фотографија на која се гледа како автобус на „Берово Транс“ завршил надвор од коловозниот дел на патот Кочани – Штип. Дали навистина автобусот е на Берово Транс, како и веродостојноста на фотографијата, е нешто кое дополнително треба да се утврди и потврди од надлежните ограни?
На фотографијата се забележува дека автобусот преминал на спротивната лента, по што целосно излетал од патот. Среќна околност во случајот, е што немало возила кои се движеле од спротивен правец во моментот кога автобусот преминал на другата лента.
Се уште нема официјална информација за настанот од МВР, ниту пак случајот е потврден од страна на компанијата.