Автобусот на Беса Транс немал лиценца за меѓународен транспорт

Автобусот на Беса Транс во кој изгореа 45 лица немал лиценца за меѓународен транспорт. По извршената проверка од МВР, констатирано е дека автобусот го немал соодветниот документ за вршење на меѓународен превоз на патници и дека на компанијата ќе и биде одземена лиценцата за работа, а ќе биде извршен и вонреден инспекциски наод.

Соработуваме со надлежните, велат од компанијата, изразувајќу сочувство до семејствата на загинатите

По процесот на идентификација, организирано и достоинствено ќе бидат пренесени останките на загинатите, информираше министерот за надворешни работи на вечерната прес конференција. Воспоставени се директни линии на соработка на повеќе нивоа со бугарските власти во врска со несреќата, посочи Османи.

Брзи одговори за сите нејаснотии околу автобуската несреќа вети министерот за внатрешни работи.

Прес конференцијата на министрите следуваше по одржувањето на владината седница, на која беше прогласена тридневна жалост во Македонија почнувајќи од денеска.

Знамињата во земјава, како и на дипломатските претставништва се на половина копје, а во овие три дена се одложуваат сите јавни настани.

Izvor SITEL

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *