Асфалтирање на најфрекфентните градски улици во Македонска Каменица

Македонска Каменица, 24.06.2021 година – Градоначалничката на општина Македонска Каменица изврши увид во градежните работи од реконструкцијата на најфрекфентните улици во централното градско подрачје.

Како што стои во нејзиното соопштение за јавност “Веќе целосно се завршени градежните работи на улица Гоце Делчев, улица Самоилова и кракот на улица Руенска. Денеска се асфалтираат последните метри од улицата Александар Македонски и паркингот пред Паркот на борците. За целосно завршување на Договорот за реконструкција на градските улици следува асфалтирањето на спојот на улица Церска со новоизградената улица Даме Груев”.

Локалната самоуправа за реализација на овој Договор од Буџетот на општината издвои 8 643 000,00 денари.

“Покрај овие градежни активности, паралелно се работи на изградбата на водоводот во село Моштица наменет за жителите од приградската населба Павлиш Дол, Краковите 6,7,8 и 9 од атмосферската канализација за подобрено одводнување на централното градско подрачје”, – изјави градоначалничката Стаменкова

Во соопштението, градоначалничката на Македонска Каменица најавува реализација на  уште еден голем проект, “Во текот на наредната недела ќе биде потпишан Договорот за доизградба на минор и мајор коритото од Кејот на Каменичка Река со најповолниот понудувач за изведба на градежните работи во висина од приближно 4 500 000,00 денари”.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *