XIII коло: Брегалница ја пречекува САСА

18.XI.2017 kamenica.mk

Во претпоследното коло од есенскиот дел на Втората македонска фудбалска лига, ФК Каменица-САСА гостува кај штипска Брегалница. Натпреварот се игра денес, недела 18. Ноември, со почеток од 13:оо часот. Факт е дека Брегалница е фаворит на натпреварот, но кај ФК Саса очајно се потребни бодови за излез од дното на табелата, па така слободно можеме да очекуваме и резултатско изненадување од гостувањето во Штип.


ФК Каменица САСА пред почетокот на 13-то коло ја дели седмата позиција на табелата со ФК Победа од Валандово. Денес, тие во Валандово ќе играат против кавадаречки Тиквеш, а последната екипа на табелата, ФК Осогово ја пречекува разиграната Беласица. Осогово заостнува 4 бодови и е последна екипа на табелата. Интересено ќе биде и следниот викенд кога во Каменица гостува ФК Осогово.
За денешниот натпревар и промените во резултатот ќе се обидеме да ве известуваме благовремено во текот на целиот денешен натпревар.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.