“WizzAir” со нови летови од Скопје до Рим, Малме и Ваксјо

Од Скопје до Рим Малта и Ваксјо. Стартуваа новите летови на Визер од аеродромот Александар Велики. Големиот интерес од граѓаните вроди со плод. Авиокомпанијата го базираше и четвртиот авион на скопскиот аеродром, што покажува дека авиосообраќајот во земјава е стабилен и има потенцијал за раст истакнуваат од ТАВ Македонија. Новиот воздухоплов овозможи 139 вработувања.

Новата Влада останува посветена на заложбите за континуирано подобрување на авиосообраќајот во земјава. Со развојот се зголемува и бројот на дестинации достапни за македонските граѓани, истакна министерот за транспорт и врски Сугарески.

Новите летови, особено линијата до Малта е пред се значајна за големиот број македонски иселеници таму. Тие сега полесно ќе можат да дојдат во матичната земја. Од скопскиот аеродром може да се лета до вкупно 37 дестинации. Во понеделник ќе се реализира и првиот лет од Доха до Скопје.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *