Two Mothers Brothers доаѓаат во Македонска Каменица

По точно три години, а сега во рамки на True Sound of Kamenica фестивалот, во Македонска Каменица ќе гостуваат Никола Тодоровски и Стрезо Стаматовски со вториот дел од нивното кабаре шоу „Two Mothers Brothers vol.2“.

Шоуто кое е неверојатен микс од музика и стенд ап, и кое преку фантастичната изведба на двајцата охридски актери ќе ја насмее публиката до солзи ќе се оддржи на 3-ти април. Влезниците за овој настан ќе се продаваат по симболична цена од 60 денари, ќе бидат пуштени во продажба од 1-ви март, а целиот приход ќе биде дониран во хуманитарни цели.

  • „Two Mothers Brothers vol.2″ е форма на кабаре каде шго комедијата преовладува, меѓутоа вешто нанижана помеѓу нишките на иронијата и сатирата. Користејќи го методот на Брехт каде што „уметноста не треба да биде огледало кое што ќе го отсликува светот туку треба да биде чекан кој што треба да го обликува“ ние како автори и интерпретатори даваме еден коментар за денешницата, за нашиот закоравен менталитет, за разорното дејство на политиката и на медиумите, за супериорните и подчинените, за иднината на нашите деца, за стравот од „што/каде утре?“. Грижливо избравме мелодии од познати изведувачи и ги „оптеретивме“ со наши текстови со цел пораката полесно да биде „сварлива“ за публиката. На крајот на краиштата ветуваме добра забава и квалитетен хумор, со сигурност тврдиме дека секој кој што ќе го погледне кабарето ќе си оди дома со насмевка на лицето и кнедла во грлото затоа што „тој кој што се смее, се уште не ги слушнал лошите вести“ – велат актерите Никола и Стрезо.

Не пропуштајте! T.S.O.K. започнува!

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.