„Tour de Kalimanci Lake“ – прва велосипедска тура во Македонска Каменица

По повод денот на градот, во Македонска Каменица на 28 август ќе се одржи велосипедската тура „Tour de Kalimanci lake“. Должина на „кружната“ патека околу Калиманско Езеро е 36 километри, со попатни станици за краток одмор и пунктови со освежителни пијалоци. Како што истакнаа организаторите пријавувањето е во периодот од 09:00 до 10:00 часот, пред стартот на турата на самиот ден на оддржување.

На 28 август 2018 година во Македонска Каменица ќе се одржи велосипедска тура околу Калиманско езеро. Велосипедската тура е рангирана со средна тежина за возење од ранг 5. Учесниците кои немаат навршено 18 години, можат да учествуваат единствено со присуство на родител или старател. За сите кои ќе се пријават најдоцна пред почетокот на трката задолжително е поседување на заштитна „кацига“ и дополнителна индивидуална додатна опрема, рече . Настанот е поддржан од општина Македонска Каменица и според организаторите има за цел покрај дружењето и рекреацијата на учесниците, да се даде силен придонес кон промоција на природните убавини на Македонска Каменица и Калминаско Езеро во функција на развој на спортот и туризмот во ова подрачје.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *