PrimePoint Partners поради прогласената тридневна жалост ги одложи работилниците од проектот “Одржлив развој за Македонска Каменица”

Македонска Каменица, 10. Април 2023 година – Од PrimePoint Partners Macedonia известуваат дека утрешната средба во склоп на проектот за “Одржлив развој за Општина Македонска Каменица” се одложува. Настанот е одложен по прогласувањето на тридневна жалост во Општина Македонска Каменица, поради загинувањето на двајца наши сограѓани во сообраќајна несреќа која вчера се случи кај Асти во Пиемонт, Италија.

– Нашиот тим изразува длабоко сочувство на семејствата и на сите граѓани на Македонска Каменица за прерано згаснатите животи на загинатите млади луѓе од градот, – стои во соопштението од PrimePoint Partners Macedonia

Воедно, од PrimePoint Partners Macedonia додаваат дека во координација со Градоначалниот на Општината и Фондацијата САСА, дополнително ќе бидат објавени датумите за одржување на работилниците во склоп на проектот „Одржлив економски развој за Македонска Каменица”.

Денеска, на итна Седница на Советот на Општина Македонска Каменица, од страна на Советниците едногласно беше донесена Одлука за прогласување на тридневна жалост поради загинувањето на двајца наши сограѓани во Пиемонт, Италија.

Извор: PrimePoint Partners Macedonia

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *