„Open Fun Football Schools“ – приреди прекрасен викенд за најмладите фудбалери од Македонска Каменица

На градскиот стадион во Македонска Каменица, изниматиот викенд се оддржа спортскиот настан „Open Fun Football School“ – Македонска Каменица. Со многубројни детски игри, многу смеа и детски џагор, најмалите фудбалерчиња од Македонска Каменица се забавуваа, другаруваа и учеа од обучените тренери на Open Fun Football Schools  концептот.

Користејќи игри со топка и чиста игра, ние во Open Fun Football Schools, развивме наш сопствен „фан фудбалски концепт“, каде ги имплементираме радоста и играта. Радост, да се биде заедно со другите, да се научи како да се употреби новиот детал. Ние употребуваме мечти и фантазија во играта. Соништа додека играме дека сме Пеле, Фиго или Зидан, кога сакаме да ја предрибламе картонската кутија, и ние се обидуваме да го изградиме нашиот фудбалски тренинг околу една приказна во која ја сметаме „топката за подарок“ – беше кратката изјава на тимот тренери од Open Fun Football Schools во нашиот град.

Open Fun Football Schools е хуманитарен, политички неутрален и непрофитен проект, организиран од страна на Cross Cultures Project Association, Копенхаген (CCPA) во соработка со Фудбалскиот Сојуз на Норвешка (NFF).

Open Fun Football Schools се развиени по концептот кој потекнува од Данскиот Фудбалски Сојуз. Неговата основна идеја е „фан – забавниот концепт“: Она што е важно е аспектот на играта, задоволството кое произлегува од играњето, а не резултатот и подобрувањето на нивото на вештините. Многубројните вежби и игри се димензионирани така што овозможуваат повеќекратно доживување на мали успеси кај секој од учесниците. Во тек на неделата децата живеат низ фудбал, концентрирајќи се и внесувајќи се во играта во целост.

Фотогалерија:

This slideshow requires JavaScript.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *