JazzWe и 4и21 во Македонска Каменица

Општина Македонска Каменица и Рудник „Саса“ Ве покануваат на уште еден концертен настап кој ќе се оддржи во рамки на повеќедневниот предновогодишен музички хепенинг во Македонска Каменица.
Во петок (29.12.2017), во Домот на културата, со почеток од 20.00 часот ќе настапат два извонредни музички бенда JazzWe и 4и21.

JazzWe е бенд кој е составен од Симеон Ангеловски, Дарко Цакиќ и Марио Димитријевиќ, а во 4и21 членуваат Бранко Ивановски, Симеон Ангеловски, Цветанчо Николовски, Иле Лулевски и феноменалниот вокал Доника Домазети.
Влезници за концертот нема да се наплаќаат, а вратите ќе бидат отворени во 19.30 часот.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *