Instagram добива 4 нови функции?

Една од најпопуларните социјални мрежи Instagram продолжува да се подобрува додавајќи сѐ повеќе и повеќе нови функции. Некои ќе го обвинат за користење туѓи идеи, но во секој случај неговата популарност е доволен доказ за квалитетот на услугата која ја нуди на корисниците.

Последни вести на оваа тема, се 4-те функции за кои се шпекулира дека е можно да се појават наскоро.

За што точно се работи?
Универзален портрет
Апликацијата разработува режим за фотографирање портрети. Индикација за ваквата функција е ново копче кое ќе биде замена за стандардното кое се користи за правење на фотографии. Гласините велат дека софтверот ќе понуди можност за универзално правење портрети без разлика на хардверските способности на уредот кој се користи. Од тоа се очекува да резултира со стандардизиран квалитет на фотографиите направени со уреди со различен квалитет и перформанси.

Cinemagraph
Нешто што е особено комплицирано да се преведе. Во главно, се работи за комбинација на фотографија и видео. При тоа што, само одреден, мал дел од содржината е во движење. Одличен начин да се потенцира дел од содржината. Слична функција поседуваат iPhone уредите, наречена Live photo, меѓутоа со ограничени можности за репродукција.

Организација на разговорите во делот на DM
Се шпекулира воведување на начин со кој ќе се обележуваат разговорите во делот на Direct Message. Имено, корисникот ќе може со „ѕвездичка“ да обележи важна конверзација, па дури и конкретна порака.

Преземање на сопствените податоци
Како и секоја друга платформа, Instagram прибира голем број податоци поврзани со секој нивни корисник. Во насока на развивање на довербата и контрола над споделените податоци, Instagram би вовел можност да се преземат сите податоци на корисникот. Промените од овој дел се во согласност со новите регулативи на Европската Унија кои ќе стапат на сила на 25-ти мај годинава.

Ваквите информации треба да се земат со доза на резерва. Тоа се темели на фактот што Instagram редовно тестира нови функции, што не мора да подразбира дека истите ќе се најдат во комерцијална употреба.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *