In Memoriam: Почина маестро Александар Џамбазов

Маестро Александар Џамбазов е македонски диригент и композитор роден на 3 февруари 1936 година во селото Стапар, Војводина. Тој целиот свој работен век го минал во Македонската радио-телевизија, како диригент и на Танцовиот и Ревискиот оркестар.

Џамбазов има реализирано безброј снимки и концерти во живо. Настапувал во земјава и во странство а добитник е на голем број стручни награди.

Автор е на голем број детски песни. Иницијатор и долгогодишен диригент беше на фестивалот за деца, „Златно славејче“ во Скопје

Негов син е познатиот актер и шоумен Игор Џамбазов а негова ќерка е Тања Џамбазова. Тој беше во брак со актерката Анче Џамбазова.

Веста за неговата смрт ја потврди и синот на Александар, Игор.

„ Си замина нашиот МАЕСТРО, тивко и нечујно, како што живееше во последните 25 години…од денес, конечно со својата Анче…вечен нека ни е споменот на тебе, маестро мој…“, стои во објавата на Инстаграм профилот на Игор Џамбазов.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *