“ImagePR” прославија 15 години постоење

06 Декември 2017

Кога во 2002 година беше основана ImagePR – агенција за односи со јавност и комункациски менаџмент, нејзините основачи ги водеше идејата дека во сегментот на професионални комуникации во Македонија недостасува еден многу важен сегмент.

 

 

Одлучија своето дотогашно искуство и стекнатата репутација од работата во областа на маркетингот, новинарството и други сродни области да ги стават во функција на развојот на една нова професија и ја формираа првата независна специјализирана агенција за односи со јавност во Македонија.

Денес тимот на ImagePR преку високо ниво на професионализам и етички пристап, предлага решенија, поставува и реализира комуникациски платформи на долг рок, за кои најмногу можат да зборуваат нивните клиенти, без оглед колку во моментот кога се зададени, изгледаат комплицирани и невозможни.

Тимот на kamenica.mk по повод 15 години постоење и соработка на ImagePR им посакува уште многу години успешна работа .

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *