Greatest hits концерт на GIPSY KINGS во Скопје

Познато е финалното шоу на Авалон Продукција за историски најуспешната концертна 2017 година во Македонија. На 22-ри декември, како второ издание на АLL YOU NEED IS LOVE евентот, новогодишен концерт ќе одржи една од најуспешните светски атракции GIPSY KINGS.

Со заводливо мешање на традиционалниот фламенко стил со поп и латино ритам, GIPSY KINGS станаа планетарен феномен и кралеви на музичката сцена. Нашата публика ќе ужива во најголемите хитови како: „Volare“, „Bamboleo“, „Baila me“ и уште многу други хитови.

Во текот на речиси три децениската кариера, GIPSY KINGS имаше неколку светски турнеи и продадоа над 25 милиони албуми. Еден од родоначалниците на денешниот стил на оваа група, Manitas de Plata, чие вистинско име е Ricardo Baliardo, припаѓа меѓу најголемите гитаристи на сите времиња.

После шест номинации за Греми наградите, GIPSY KINGS во 2014 година конечно се закитија со ова престижно признание, и тоа за најдобар албум со наслов „Savor flamenco“.

Влезниците за овој концертен спектакл веќе се пуштени во продажба во продажната мрежа на

Купи карти за сè.

.

Leave a Reply

Your email address will not be published.