“Google Maps” со нова корисна опција

„Гугл Мапс“ добива интересна нова функција за Андроид, иОС и веб верзијата на софтверот.

Корисниците сега ќе можат да ја споделуваат својата локација со пријателите, семејството или колегите со кои планираат да се сретнат. Новата опција ќе овозможи и споделување на локации во реално време на сите платформи.

„Гугл“ објави дека функцијата е во процес на испорака на сите корисници на сите платформи, па ако моментно не ви е достапна, веројатно ќе биде во наредните денови или недели.

Кога опцијата ќе стане достапна, корисниците ќе можат да отворат „Гугл Мапс“ и да изберат опција да ја споделат својата точна локација ос едно или повеќе лица, а можно е и да се подеси и колку долго ќе трае ова споделување на информацијата.

Ако се одлучите да патувате со навигација, ќе можете да го споделувате тоа патување со луѓето, така што тие ќе можат да ја видат вашата точна локација на патувањата.

Во рамки на апликацијата постојат и потсетници и икончиња кои прикажуваат што се споделува со другите, а споделувањето може да се прекине во кој било момент.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *