Facebook ќе ве известува колку време поминувате на оваа мрежа

Технолошките компании во изминативе неколку месеци го покажуваат својот интерес за прекинување на лошите навики на нивните корисници. Така, Facebook одлучи да воведе опција, преку која ќе можете да видите колку време поминувате на оваа социјална мрежа.

Опцијата под назив „Your time on Facebook“, не е нешто најново во дигиталниот свет.

Оперативните системи Android и iOS 12, веќе од порано на корисниците им нудеа можност да проверат колку време всушност поминуваат на нивните паметни телефони.

Новата опција на Facebook ќе им прикаже на корисниците колку време секојдневно поминуваат во прегледување на постови, коментирање, или лајкување на објави.

Оваа опција исто така ќе ја понуди и можноста за ограничување на користењето на Facebook, што значи дека корисниците ќе можат да одредат колку долго сакаат да бидат вклучени на Facebook, а оваа социјална мрежа ќе ги предупреди во случај на надминување на поставениот лимит.

Компанијата Facebook за светските медиуми потврди дека работи на развој на оваа нова опција, но засега нема информации за тоа кога ќе им биде достапна на корисниците.

Според неофицијални информации, Instagram исто така работи на воведување на слична опција.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *