“Facebook” статус на Митко Василевски: 22 Декември – Ден на ЈНА | kamenica.mk

 

22 Декември

Јас ти бев некое учителско дете. Тоа тие мојата привилегија од социјализмот. На сите деца по три шамари на мене 6, на сите песничка на мене стихотворба. И повторно бев тежок пример за другите, да не кажам лош.
Ајде да се вратам на темата.
Секоја година на 22 Декември, од сите одделениа од сите возрасти по едно дете ќе одбереа и правец караулата на ЈНА во селото над моето мало место.
Да им го честитаат денот на Граничарите, славните армиски единици за кои рецитиравме, војниците со титовка на главата и пушка за десно рамо кои на ликовно ги цртавме, секој трет час.
Јас од мал си бев изразито пројугословенски ориентииран и за мене беше сон да отидам пред војската еден ден. Ама од „ привилегиите“ не ме пуштаа, одеа подобри ученици од мене, по репрезентативни и се разбира по дисциплинирани.Јас бев на невидлива црна листа.
Некаде дојде редот и на мене, веројатно сум бил 6 одделение, со блага интервенција ме пуштија.
Строго контролираното општество по нас учениците прати џип класичен сиво- маслинест ама во сопственост на Рудникот. Од школото ни кажаа, таму ќе бидете строго одговорни, некои беа припремани за рециталот, некои имаа соло стихотворби, главно јас бев дел од екипата која требаше да им се заблагодари на Граничарите на ЈНА, за тоа што мирно спиеме.
Во турата која и мене ме носеше низ ридско планинските рељефи, беа нешто повозрасни. Гиманзијалецот и неговата школска, уште во џипот веќе се држеа за рака. Двете мали дечиња, веројатно од пониските оддленија до мене си разговараа како сега војската ќе им даде наполитанки и густи сокчиња колку сакаат.
Стигнавме горе.
На влезот тробојката и партиското знаме.
Построени граничари, бркати мајори што вика Балашевиќ и ученици во истиот строј кои веќе беа пристигнати.
Влеговме и ние во стројот.
Ги прозиваа тие што настапуваа. Само аплаузи и дијалектички измешани разговори.
Кајкавица, ијекавица, штокавица.
„ То су наша дјеца“.
Донесоа кутии полни со наполитанки, бисквити, сокови, ролати. Ни кажаа дека ова е се за нас. Ни го покажаа личното вооружување. На разгласот грмеа воени песни и после почнаа со Ју поп рок. Парот од гимназијата се штипкаа по ладните образи, овие малите гнетеа наполитанки и сокови а тие што бевме тука некаде бевме во восхит.
Јас се молев кога се враќаме една од 7мо да седи до мене, во џипот- ЗИЛ.
Јас таква топлина и сродност меѓу деца и некоја институција немам видено. Таква топлина од униформа никогаш нема веќе да почувствувам. А знаете као зборуваме различни јазици, далеку е Словенија.
Ма ајде
Тоа беше една мала црта од една голема линија која се протегаше од Берово До Шкофја Лока.
Нешто што денес скоро речиси и никој не го разбира.
По стазите кои водат до чуварите на мирот , денес газат криминалци.
Децата од џипот се веќе старци а денешните појма немаат.
Војниците со ролатите кои ни се обраќаа со „ друже мој“, се кој знае каде.
Сите сме во некој друг свет.
Среќен ти ден Армијо наша!!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *