9.000 слободни работни места во Агенцијата за вработување – еве што се бара

Комерцијалисти, сметководители, квалификувани работници за производство, финансиски службеници, келнери, возачи, шивачи, наставнички кадар, медицински лица, се само дел од профилите на кадар за кој се објавени огласи за вработување.

На јавниот портал на Агенцијата за вработување постојано расте бројката за нови работни места. Македонските компании се заинтересирани за нови вработувања при што бројот во моментов достигна околу 9.000 слободни работни места.

Список содржеше побарувања за разни видови на профили на работници, со различен степен на образование и стручност. За некои од нив се бара искуство, за некои не,а
на списокот на овие побарувања се најдоа речиси повеќето македонски градови.

Сите овие огласи може да ги видат на веб страната на АВРМ – avrm.gov.mk што претставува исклучително корисна платформа преку која значително се овозможува доближување на понудата и побарувачката на работа.На оваа веб страна постојано се ажурираат податоците и граѓаните преку неа може да се запознаат со сите слободни работни места за кои се распишани огласи од страна на компаниите за нивно пополнување.

Од Владата потсетуваат дека за полесно вработувањата може да се користат мерките и програмите на Агенцијата за вработување, во кои државата ги покрива трошоците за ангажман на работници во определен временски период.

Во овој временски период работодавците може да стекнат впечаток за квалитетот на работниците, односно да извршат обуки и преквалификации со цел да ги задржат работниците во редовен работен однос.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *