80 годишен старец ограбил банка во Швајцарија

Во Швајцарија 80-годишен маж ограбил банка

Швајцарските власти соопштија дека уапсиле 80-годишен маж поради сомнение дека ограбил банка во близина на кантонот Луцерн.

Обвинителството во Луцерн посочи дека осомничениот признал дека во декември минатата година извршил грабеж во банка.

Локалната полиција, по грабежот објави фотографија каде е прикажан човек со маска на лицето и сина пластична кеса.

Засега не е јасно дали осомничениот бил вооружен, ниту колку пари украл.

Leave a Reply

Your email address will not be published.