750 млади Французи ќе ја посетат Каменица во 2018 година

Веќе се подготвува европската рута за 2018 година по која ќе се движат младите француски авантуристи од организацијата Europ’Raid. Тие веќе им се познати на каменичани, бидејќи Македонска Каменица беше дел од нивното патување и во 2017 година. Французите патуваат со автомобили од марката Пежо 205 и во својата прва посета на нашиот град донираа училишен прибор и помагала за учениците од ООУ „Св.Кирил и Методиј“, а ноќеваа на манастирско-туристичкиот комплекс „Еленец“ во село Цера.

Наредната година се очекува нивниот број да биде околу 750 учесници и веќе се прецизираат деталите околу организацијата. Сигурно е дека ќе се реализира уште една солидарна акција и дека „Еленец“ повторно ќе биде локацијата на која ќе бидат сместени.

Овој тип на настани претставува одлична можност за промоција на Македонска Каменица како туристичка дестинација, што е еден од правците по кој мора да се движи Општината во иднина, а со што ќе се придонесе за побрз економски развој.

Leave a Reply

Your email address will not be published.