750 млади Французи ја посетија Македонска Каменица

Вчера (09.08.2018), 750 млади членови на француската иницијатива Europ’Raid ја посетија Македонска Каменица. Тие патуваат дваесет дена во 23 европски земји со возила Пежо 205, односно поминуваат вкупно 10.000 км. Во Македонија ноќеваат единствено на манстирско-туристичкиот комплекс „Еленец“ во село Цера, Македонска Каменица.

Во рамки на посетата на Europ’Raid се оддржува солидарна акција при што беа донирани повеќе од 6 тони училишен прибор, материјали и спортски реквизити за ООУ „Св. Кирил и Методиј“ и за локалните спортски клубови. Дел од нивниот престој во Македонска Каменица е  рели дефиле по улиците во централното градско подрачје, како и редица социјални активности и дружење со дечиња.

Организатор на настанот е АСГАРД 2015, фирма која се занимава со организација на културни настани и која за Французите подготвуваше вечера, појадок, настап на бенд Krypton и на локални диџеи. Оваа соработка помеѓу АСГАРД и Europ”Raid трае веќе две години, а најавена е организација на настанот и за 2019 година.

Бенефитот за Македонска Каменица е огромен, од аспект на нејзина поголема туристичка промоција, а и за угостителскиот сектор. Настанот годинава се оддржа со поддршка на Explosive Energy Drink, Рудник „Саса“ и со логистичка поддршка од општина Македонска Каменица, ООУ „Св. Кирил и Методиј“, СОУ „Миле Јаневски Џингар“ и ЗГ „Еленец Цера“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *