700 000 евра од државата за развој на Источниот регион

7 милиони евра  државата ќе издвои за развој на Планските региони. 11% од нив  или околу 700. 000 евра  се наменети за Источниот плански  регион ,изјави денес во Карбинци заменик на министерот за локална  самоуправа , Дејан Павлески:

„Веќе е во фаза на одобрување на првиот дел од програмата за развој на регионите, кои што оди преку Центрите за развој на планските региони. Има вкупно шест проекти. Сите шест се одобрени, сега се чека нивно финално одобрување, и објава во службен весник и и мислам дека центрите и општините ќе имаат време на време да продолжат со реализација на овие проекти“, изјави Дејан Павлески,заменик министе за локална самоуправа.

Освен овие пари, Карбинци  очекува и  65.000 евра  од ресорното министерство за финансисрање на уште два проекта:

„Едниот проект е наменет за изградба на повеќенаменско игралиште во село Радање. Вкупната вредност на проектот е 4,2 милиони деанри, од кои 3,5 милиони се средства од Бирото за рамномерен регионален развој,а остатокот учество на нашата општина. Вториот проект е изградба на пристапен пат помегу селата Оџалија и Радање во должина од 800 метри“, кажа Јордан Насев, градоначалник на о.Карбинци.

Со овие пари Карбинци ќе реши повеќе инфраструктурни и комунални проблеми кои во општината  имаат долг  стаж на чекање.  Активностите кои во овој период се преземаат се добра насока  и надеж дека многу бргу овде ќе бидат решени важни прашања  за месното население.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *