Во рамки на 5. Коло од Првата македонска женска фудбалска лига, каменичанки одиграа одличен натпревар против екипата на Атлетико – Битола. Со 6 погодоци на Ана Димитровска од вкупните 00:10 гостинките од Македонска Каменица извојуваа нова победа за нови 3 бодови.
Стрелци на головите за ЖФК Каменица Саса беа: ЛенчеАндреевска 2, Стефанија Маринковска 1, АнаДимитровска 6 погодока. Еден погодок беше постигнат со автогол на домашната екипа.
ЖФК Каменица Саса со “пет од пет” победи е супериорен во Првата македонска фудбалска лига и го оправдува минатогодишното шампионско место во најсилното женско фудбалско друштво во државата.