50-тина пензионери од регионот месецов не добиле пензии бидејќи не докажале дека се живи

50-тина пензионери од регионот, од кои најмалку 20 од Штип,  месецов останаа без пензии. Станува збор за лица, главно постари од 80 години кои не ги добиле парите од државата кои по закон им следуваат.

Без пари тие останале, зашто на државата не ѝ докажале дека се живи. Имено, колку и да звучи апсурдно, пензионерите се должни, доколку Фондот утврди потреба за тоа, да достават т.н. „потврда за живот“. Станува збор за законска обврска која е воведена во 2012 година, а е регулирана со член 141 став 3 од Законот за ПИОМ.

Истиот тогаш беше воведен под образложение дека на овој начин ќе се обезбеди контрола над исплата на пензиите,  односно ќе се спречат исплати на пензии и на починати лица.

Кои пензионери имаат обврска да доставуваат ваква потврда , зависи исклучиво од проценките на Фондот и потврдите се доставуваат на негово барање.

Токму , отсуството на пивратен одговор на вакво барање на Фондот, речиси секој месец остава некој пензионер во регионот без пензија:

„…Поради неиполнети обврски од страна на пензионерите, во континуитет се среќавем со проблеми околу неисплатата на пензиите. Главно се работи за недоставени потврди за живот. Исплатаа на овие пензии ќе се регулира во текот на наредната недела со вонредна исплата на панзиите…“ информираат од Фондот за ПИОМ.

Колку оваа законска одредба го штипти Фондот, а колку ги дискриминира пензионерите е дискутабилно. Ефектот од неа се 112.000 евра кои во изминатите неколку години се исплатени на починати лица во државата, а Фондот се уште не може да си ги поврати.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *