5.400 вакцини против сезонски грип до крајот на неделава ќе бидат дистрибуирани до центрите за јавно здравје во Штип и Кочани.
Од нив , 2300 дози се наменети за Штипскиот центар кој ги покрива Штип, Карбинци и Радовиш, а 3.100 дози за кочанскиот, каде спаѓаат Македонска Каменица, Кочани, Виница, Берово, Делчево, Пехчево.
Станува збор за четиривалентната најнова вакцина против грип, која заштитува од четири видови инфлуенца и е во производство на француската фармацевтска компанија „Санофи Пастер“.
Една вакцина годинава ќе чини 600 денари.
Исклучок се лица над 65 години со просечна и потпросечна пензија, како и за оние без пензија за кои вакцинацијата е бесплатна.
Како што вчера информираше ТВ Стар, вакцинацијата ќе започне да се спроведува првата недела на ноември во центрите за јавно здравје низ државата.
Вакцината против грип е незадолжителна вакцина и се дава на доброволна база, но препорачана е за хронично болни и возрасни пациенти.