47-годишен жител на село Звегор тешко повреден во сообраќајна несреќа

На 01.07.2018 година околу 19.30 часот  на „Булевар Македонија“, кај место викано „Шумски Расадник“, во Делчево,  Т.А. (47) од с.Звегор, делчевско, управувајќи мотоцикл без регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот при што се здобил со тешки телесни повреди. Тој бил пренесен во Клиничка болница Штип каде му била укажана лекарска помош.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Штип.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *