4 видови животни што живеат подолго од човекот

Научниците веќе подолго време се обидуваат да дознаат кои животни живеат подолго од човекот.

Гренландска ајкула

Огромна и бавна грабливка од ладните длабочини на Атлантскиот океан може да живее дури до четири века. Во текот на една година таа расте за еден центиметар. Овој вид на ајкула се извојува од другите и по должината, бидејќи е долга околу пет и пол метри, што ја прави еден од најголемите месојади.

Гренландски кит

Гренладнскиот кит живее повеќе од 200 години и поседува гени кои успешно се борат против ракот и кои успешно ја поправаат оштетената ДНК. Баш поради оваа способност да ги избегнат срцевите болести и туморот, нивниот животен век е многу долг.

Желки

Веќе е добро познато дека некои видови на желки живеат многу подолго од луѓето. Џиновските желки од Галапагос, кои можат да достигнат и до еден метар во должина, живеат и повеќе од 200 години, додека многу други видови живеат повеќе од 100.

Папагал

Од домашните миленичиња папагалот живее најдолго. Освен што имаат релативно висок степен на интелигенција, папагалот имат и животен век до 80, но и повеќе години, што значи дека доколку земете папагал за домашен миленик, може да имате пријател за цел живот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *