30- годишен маж тепан два пати за половина час

Три часа по полноќ, 30 годишниот З.А. од Штип со својата сопруга бил во угостителски објект. Од засега непознати причини, на него му пришол 32-годишниот О.О. исто така од Штип и ненајдено почнал да го удира со тупаници по лицето и телото. На нападот, З.А. станал да реагира, но дошло обезбедувањето и инволвираните ги раздвиле и отстраниле од објектот.

Поради добиените повреди З.А. се упатил во болницата во штип на лекарски преглед. Но, додека се наоѓал на применото одделние таму повторно пристигнал напаѓачот О.О. но сега во друштво на уште едно лице на возраст од 29 години. Откако го забележале, повторно физички го нападнале. Од ударите, тој паднал под масата за преглед, но без оглед на ова напаѓачите ја свртеле масата и со неа почнале да го удираат по телото. Освен со масата, агресивните напаѓачи З.А. го мавале и удирале со други предмети.Случајот е пријавен во полиција која веќе ги превзема мерките за негово расчистување.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *