2525 склекови за 60 минути за нов светски рекорд на Бошко Стаменковски

Бошко Стаменковски неброен број пати ја презентирал и афирмирал Македонија и родната Македонска Каменица во светски рамки. Стаменковски има бројни успеси во Пауерлифтинг и Бенч прес со освоени први места на европски и светски првенства и неколку рекорди.

Македонскиот успешен спортист во Македонска Каменица во рок од 1 час успеа да направи 2525 склека што е светски рекорд и повторно се позиционира во елитната спортска историја. Ваков тип на спортисти Македонија треба да ги подржува и негува поради нивниот придонес кон нашата татковина кои тие ја придонесувааат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *