25 Мај во Кочани: Улиците традиционално ечеа со “Друже ТИТО ми ти се кунемо…”

Заедничкото минато и сегашната носталгија, повторно ги поврзува народите од СФРЈ  во нова иднина. Приказната за братството и единството на народите од шесте републики и двете покраини ја пишува белградскиот новинар Марко Родњаковиќ, кој својата студија ја надополни со денешната прослава на Денот на младоста во Кочани:

  • Се обидувам да ги најдам Југословените во сите бивши републики и да поразговарам со нив, зашто државите наследнички не прават доволно за да се сочува сеќавањето на Југославија. А тоа е важен дел од историјата на Западен Балкан. Ова што се случува во Кочани е многу импресивно, убаво е да се види,  вели  Марко Родњаковиќ, новинар од Белград.

А во Кочани, Родњаковиќ присуствуваше на традиционалното носење и предавање на штафетата, по сите стандарди на некогашна Југославија:

  • Претседателе ти ја предаваме оваа штафета со желби за здравје и долг живот, беше речено на чинот на примопредавање на штафетата.

Вака веќе 7 години почитувачите на ликот и делото на Јосип Броз Тито се сеќаваат на неговиот роденден:

  • Ги повикувам сите да се сетат на убавите моменти кои ги имаа живеејќи во Југославија, кажа Трајан Трендов, прет. на Здруж. „Ј.Б. Тито“ – Кочани.

Здружението и традицијата кои се единствени во Македонија , секоја година имаат се поголем број членови и поддржувачи. Најголем дел од нив, денес го вееја југословенското знаме и ги пееја некогаш популарните рефрени.

Извор: СтарТВ Штип

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *