236 сантиметри високиот Абиодун АбеГоке од Нигерија наскоро се сели во НБА

Нигерија има кошаркар од 236 сантиметри кој наскоро се сели во НБА (ВИДЕО)

Нигерија има кошаркар висок 236 сантиметри. Станува збор за младиот играч Абиодун Абегоке. Видео-снимката од неговите тренинзи стана вирална на социјалните мрежи.

Абегоке, секако, игра на позицијата центар и е за 5 сантиметри повисок од највисокиот кошаркар во историјата на НБА лигата, Георге Мурешан. Романскиот кошаркар, кој своевремено ги бранеше боите на Вашингтон и Њу Џерси Нетс, беше висок 231 см и помина 5 сезони во НБА лигата.

Во моментов највисок играч во НБА е Тако Фол, кошаркарот на Бостон Селтикс, чија висина е 229 сантиметри.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

%d bloggers like this: