23 милиони денари од државата за општините во источна Македонија

23 милиони денари за реализација на проекти добиваат општините од Истокот, преку Програмата за рамномерен регионален развој на Министерството за локална самоуправа.

Заеднички, на Седница на Источниот плански регион, градоначалнциите од Истокот ги избраа приоритетните проекти. Најмногу пари, 16 милиони денари, добива општина Штип за изградба на детска градинка во населбата Сењак 4 :

  • Тоа е целосно нова градинка со место за 200 дечиња, којашто ќе биде градена во две фази. Преку Источниот плански регион обезбедивме 16 милиони денари, изјави Благој Бочварски, градоначалник на Штип.

Изградбата на градинката ќе чини 36,8 милиони денари, а останатите срества ќе бидат обезбедени од општинскиот буџет и Министерството за труд и социјална политика.

По повеќе години, поголем проект доби општина Делчево. Се работи за изградба на мост на Брегалница, чија изградба чини околу 7 милиони денари, од кои 6 се преку Министерството, а 1 милион денари е кофинансирање на општината :

  • Ова беше долгогодишно барање на жителите на Делчево преку форумите на заедницата. Со изградбата на пешачкиот мост ќе им ги доближиме институциите на граѓаните, објасни Горан Трајковски, градоначалник на Делчево.

Останатите пари се наменети за уште два регионални проекти :

  • Како трет проект е изработка на комплетна техничка документација за енергетски ефикасни објекти во сите 11 општини во Регионот. Како последен проект е проектот на општина Пехчево за изградба на улица во индустриската зона Чуката, изјави Драгица Здравева, рак. на Центар за развој на ИПР.

Се очекува, на наредниот повик догодина, за приоритетни проекти да бидат избрани предложените од останатите општини од Регионот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *