БЕОГРАДСКИ СИНДИКАТ по 6 години се враќа на Таксират Фестивал #21

На 7-ми декември, во СЦ Борис Трајковски, на три фестивалски бини, ќе се случи Таксират Фестивал #21.

Во наредните неколку дена ќе Ви ги претставиме сите изведувачи кои ќе настапат на овогодинешното Таксират издание. Први на нашата листа се „нескршливите момци од Дорчол“ – BEOGRADSKI SINDIKAT

Станува збор за состав кој никого не остава рамнодушен. Или го обожавате или не. За среќа, денес повеќе се оние првите. Секогаш кога ќе издадат нова песна со силна порака, младите масовно ја шират по социјалните медиуми (нивните видеа имаат милиони прегледи), додека постарите велат „фала Богу барем овие размислуваат со својата глава“.

Темите во песните на БС се различни, од критики на општеството, политиката, до насоки за младите, како да не скршнат од патот, кои се вистински вредности, што значи „улицата“… Во песните е присутен гласот на народните маси, гласот на младите кои не сакаат да се помират со реалноста и кои секогаш ќе пружаат отпор на современото општество…

Што се однесува до музичката дејност на БС, таа е плодна. Во 2001 година го издаваат првиот албум „Bssst… Tišinčina!“. Наредната година излегува вториот албум „Govedina“, а истоимената песна од овој албум предизвика огромни дебати во политичките врвови. Во 2005 години излегува „Svi zajedno“ – еден од нивните најуспешни албуми. 2006 година е резервирана за албумот „Oni su“ или „Sindikalna borba“ од кој особено е значајна песната „Mi smo ta ekipa“ која го обележува ова издание. Шестиот албум на BEOGRADSKI SINDIKAT „Diskretni heroji“ излегува во 2010 година, и на него се наоѓаат „Balada disidenta”„Za sve moje ljude”, „Welcome to Serbia”, „Još ovu noć” и други. Членовите на составот дозволија албумот да се симнува бесплатно од нивната веб страна, како своевиден протест против екстремната комерцијализација на музиката.

Подгответе се, моќните синдикалци од Белград доаѓаат на Таксират!

Овој текст е превод на дел од објава на 011info.com.  Оригиналниот текст е на линкот подолу.

Beogradski sindikat – Nesalomivi momci sa Dorćola

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *