200.000 денари субвенции ако стара куќа на село пренамените во туристички апартман

Субвенции до 200.000 денари ако стара куќа на село пренамените во туристички апартман

Рокот за пријавување е 30 септември 2018 година, а финансиските средства ќе се делат врз основа на принципот “прв дојден, прв услужен“.

Министерството за економија објави јавен повик за доделување субвенции за туристички цели на селски домаќинства.

Финансиската поддршка е во износ од 60 проценти од докажаните трошоци, но не повеќе од 200.000 денари и истата ќе биде наменета за набавка на опрема и инвентар, како и за уредување на просторот на селски домаќинства.

Субвенциите ќе се доделуваат за изградба или адаптација на селски куќи на домаќинства кои ќе даваат угостителски услуги.

Критериумите кои треба да ги исполнат домаќинствата се:

  1. Објектот да е уреден и опремен согласно традицијата на крајот во кој се наоѓа
  2. Да подготвува и послужува топли и ладни јадења, пијалоци и напивки вообичаени за крајот во кој се наоѓа селското домаќинство
  3. Да нуди услуги за сместување (најмногу до 5 соби)
  4. Надворешниот изглед на куќата да биде без оштетување и знаци на дотраеност, а околината да биде уредна

Рокот за пријавување е 30 септември 2018 година, а финансиските средства ќе се делат врз основа на принципот “прв дојден, прв услужен“.

За да го погледнете целиот оглас, кликнете тука.

извор: вработување.ком.мк

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *