20 години – Златна бубамара на популарноста

Популарното скопско Радио Бубамара најавува: Сè е подготвено за празнување на големиот јубилеј – 20 години Златна бубамара на популарноста. На 20-ти февруари во Метрополис-арената ќе се одржи јубилејното 20. издание од нашата најпопуларна и најгледана манифестација – Златна бубамара на популарноста.

Публиката со нетрпение го очекува годинашново специјално издание на Златна бубамара, манифестација што на хумористично-сатиричен музички начин ја раскажува изминатата година, придружено со аплаузи и овации за наградените.

Специјалниот штаб за добра забава предводен од јавниот обединител Ранко Петровиќ гордо најавува неповторливо шоу во кое публиката првпат ќе види нешто што досега не е видено во музичко-забавниот свет. Ако се прашувате „Што е тоа?“, мотото на манифестацијата е „Што ќе биде, нека биде!“.

Во изминативе 19 години секое издание на Златна бубамара се раскажува и се прераскажува со години и со децении, тоа по многу работи е единствен и уникатен музички културен настан што успеа да изгради традиција на успешна манифестација, која гледачите со радост ја очекуваат. 

извор: http://www.crnobelo.com

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *