Две силувања во Источниот регион. Во првиот случај, радовишанец уценувал кочанчанка со видео снимки. За да не ги објави во јавноста 24-годишникот, 18-годишната девојка повеќепати ја присилил на полови дејствија.
На овој начин, уцената функционирала од ноември 2014-та година до октомври лани. Но, храброст девојката да пријави што се доживеала, собрала дури вчера. По целосно расчистување на случајот, радовишанецот ќе добие соодветна пријава.
Во вториот случај пак, жртва било 13-годишно девојче од Штип. Неколку месеци на Фејсбук, таа се допишувала со 23-годишник од Радовиш. По долгиот виртуелен разговор, тие се договориле да се сретнат во живо.
Средбата се случила вчера на улицата „Сутјеска“ во Штип. Радовишанецот, кој очигледно во девојчето видел единствено партнер за секс, веднаш и наредил да влезе во неговиот автомобил, но девојчето одбило. Тогаш сфатил дека не се сретнале со ист мотив, па бесен ја нападнал удирајќи ја по лицето. Девојчето шокирано и исплашено од реакцијата, влегла во мерцедесот. Оттаму, отишле на Исарот, каде радовишанецот го извршил половото дејствие.
Девојчето, шокирано и уплашено, отишло дома и им раскажало на родителите. Заедно со татко и, случајот го пријавиле во полиција, а радовишанецот со инцијали А.М. е задржан во полициска станица.
извор: Телевизија Стар – Штип