16 годишната Бојана Попова од ЖКК Баскет Кам е дел од Сениорската репрезентација на Македонија

Бојана Попова, играч на ЖКК Баскет Кам од Македонска Каменица е дел од сениорската кошаркарска репрезентација на Македонија. Ова е уште еден доказ дека ЖКК Баскет Кам прераснува во клуб- расадник на млади таленти, како и огромен успех за Македонска Каменица како град кој интензивно вложува во развојот на кошаркарата и останатите спортови кај младата популација.

16 годишната Бојана Попова ја бележи четвртата сезона во редовите на својот клуб, со просек од 21 кош по натпревар е стандарден првотимец на центарската позиција во тимот на ЖКК Баскет Кам од Македонска Каменица. Дел е од составот кој играше финале на Ф4 турнирот во М-16 категорија кој се одржа токму во Македонска Каменица и со тоа го оствари најголемиот успех на каменичката кошарка. Не треба да го занемариме фактот дека изминатата година во М-18 категорија ЖКК Баскет Кам го освои третото место на државно ниво, а оваа година во истото натпреварување се на прво место со 4 победи од 4 одиграни натпревари.

Младата Бојана П. репрезентативните бои ги има носено во текот на 2018 година, како дел од младинскиот кошаркарски состав на Македонија до 16 години.

Македонија во претстојните неколку денови ги игра квалификациските натпревари за пласман на Европско првенство против репрезезентациите на Хрватска (17.Ноември) и Шведска(21.Ноември).

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *