16 години од смртта на поранешниот претседател Борис Трајковски

Со положување венци на гробот и на спомен обележјата во чест на поранешниот претседател Борис Трајковски денеска ќе биде одбележана 16-годишнината од неговата смрт.

Од владината прес-служба информираа дека министерот за дијаспора Едмонд Адеми ќе ја предводи делегацијата на Владата на одбележувањето на годишнината од смртта на Трајковски, во Мостар, кај Ротимље, каде што се случи авионската несреќа. Во делегацијата на Владата се и министерот задолжен за странски инвестиции, Елвин Хасан и заменик министерот за култура, Владимир Лазовски. На одбележувањето најавено е присуство и на претставници на Владата на Босна и Херцеговина и на градот Мостар.

Делегација на Владата што ќе ја предводи министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, заедно со министерот за образование и наука Арбер Адеми и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, ќе положи цвеќе на гробот на претседателот Трајковски на Градските гробишта Бутел во Скопје.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *