15 МЕДИЦИНСКИ ЛИЦА ОД БОЛНИЦАТА ВО ШТИП СЕ ПОЗИТИВНИ НА КОВИД. СЕ БАРА ПОМОШ ОД КОЧАНИ!

15 ЛЕКАРИ И СЕСТРИ ОД БОЛНИЦАТА ВО ШТИП БОЛНИ ОД КОВИД Да помогне Кочани!

Нема шанси да се отвори модуларната ковид-болница во Штип.

Поради тоа што 15 доктори и сестри се позитивни на ковид-19, можностите за евентуално реактивирање на модуларната болница во Штип се сведени на минимум, па Клиничката болница бара други алтернативи и поголемо активирање на болниците во регионот, пишува порталот Експрес.

– Инфективното одделение во Штип е од регионален карактер и половина од својот капацитет од вкупно 55 легла го исполнува со пациенти од другите градови во регионот. Времено, поради немање доволен кадар кој исто така е заболен, во овој период не можеме да сметаме на модуларната болница. Затоа, бараме Кочанската болница, со која добро соработуваме, повторно да излезе во пресрет и да ги вклучи своите кадровски и просторни капацитети за прием на заболени од ковид-19. Ние пермаментно примаме пациенти од повеќе градови во Источна Македонија, најмногу од Кочани и Радовиш – вели директорот на Клиничката болница во Штип Ален Георгиев.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *